Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Унаи Емери сосема добро ја склопи екипата на Арсенал, се наоѓаат некаде на врвот на табелата и играат одлично, но ретко кој верува дека може да ги загрози Сити, Ливепул, па и Челзи кои веќе сега се издвоија како потенцијални фаворити за титулата.
Сепак, изгледа дека во Лондон знаат што им е потребно бидејќи од шпанските медиуми проструија информации дека фудбалерот на Барселона, Малком е голема желба за „Топчиите“.
На Бразилецот му годи животот во Шпанија, но изгледа дека Каталонците погрешија со него бидејќи во досегашниот тек на сезоната одигра 25 минути само, па играчот од Бордо сака да замине од „Камп Ноу“ веќе во јануари.
Се претпоставува дека во прашање би била позајмица со право на откуп, меѓу Арсенал и натаму не го повлекол првиот чекор.
Островските медиуми јавуваат дека во клубот би можел да се врати и некогашниот капитен на тимот од „Итхад“, Цеск Фабрегас бидејќи во неодамна дадено интервју не ја отфрли таквата можност.
„Арсенал секогаш ќе биде во моето срце, никогаш нема да го заборавам и со задоволство би се вратил. Никогаш не се знае“, овие зборови би можеле да се сфатат како повик дека Арсенал се бори за него.
Во прилог им оди и фактот дека на Фабрегас на лето му истекнува договорот со Челзи, и дека од јануари е слободен да преговара со заинтересираните страни.