Некогаш беше голема желба на Манчестер Јунајтед, сега ќе се задоволи со трансфер во МЛС Лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Аргентина, Николас Гајтан е нов фудбалер на тимот кој се натпреварува во МЛС Лигата, Чикаго Фајр.

Гајтан си замина од Далијан Јифанг по не успешната авантура во кинескиот шампионат и потпиша едногодишен договор со тимот во кој настапува уште една европска ѕвезда, Бастијан Швајнштајгер.

За Нико Гајтан своевремено имаше голем интерес од Манчестер Јунајтед, но по заминувањето од Бенфика, Аргентинецот продолжи во Атлетико Мадрид каде не се снајде најдобро па следеше огромен пад во неговата кариера.