Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо официјално е сеуште најдобар фудбалер во светот, иако има веќе 33 години. Се чини дека Португалецот сака уште долго време да биде на самиот светски врв, а со неговата преданост кон овој спорт, нема сомненине дека така и ќе биде.
Со обзир на тоа дека пет пати ја освојуваше наградата Златна топка, за Роналдо можеме да кажеме дека знае за фудбалот. Пред три години во интервју за БТ спорт, именуваше пет фудбалери за кои смета дека ќе направат голема кариера и дека би можеле да го наследат на тронот.
„Има многу играчи со голем потенцијал. Би го навел Мартин Одегард како еден од примнерите, иако има само 16 години, веќе можете да видете дека е навистина добар играч. Азар е исто така уште еден пример, а тука е и Мемфис Депај, Поба и Нејмар исто така би ги додал“, изјавил Роналдо.
Денес, три години подоцна, за Нејмар слободно можеме да кажеме дека еден ден може да биде прав наследник на Роналдо и Меси, а покрај него високо котираат и Азар и Погба. Од друга страна тешко е да се верува дека Депај или Одегард би можеле да бидат конкуренција за Златната топка. Рака на срце, Одегард сеуште е млад, има само 19 години и за него е тешко било што да се каже.