Кварацхелија со политичка порака: Европскиот пат е единствен избор за Грузија


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Политичката ситуација во Грузија предизвика загриженост кај фудбалскиот репрезентативец и ѕвезда на Наполи, Квича Кварацхелија.

Тој одлучи да испрати порака преку социјалните мрежи во која ја поддржа својата земја, која се наоѓа во тековните протести против одлуката на владата да ја замрзне кандидатурата за приклучување во Европската Унија до 2028 година.

„Грузијците сакаат да се движат напред, европскиот пат е нашиот историски и единствен исправен избор, не смееме да отстапиме од него“, напиша Кварацхелија и даде поддршка за протестите кои се случуваат на улиците на Тбилиси.