Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Хорхе Сампаоли ќе остане селектор до крајот на Мундијалот, но тој ја загуби довербата во играчите, а ниту Фудбалскиот сојуз повеќе не го сака по првите два натпревари.
Аргентина мора да ја победи Нигерија во третото коло, која исто така има шанси да помина понатаму, но и во таков случај тие не се сигурни, бидејќи за нив ќе одлучува дуелот помеѓу Хрватска и Исланд.
На состанокот во кампот на аргентинската фудбалска репрезентација е донесена одлука Сампаоли да остане, но екипата ќе ја составуваат Маскерано и Меси.
„Играчите ќе го состават тимот за Нигерија и тоа е факт. Ако Сампаоли сака да седи на клупата, може да го направи тоа. Ако не сака, нема проблем“, соопштија од репрезентацијата.