Некој е луд во Аргентина: Екипата за дуелот против Нигерија ќе ја составува – Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хорхе Сампаоли ќе остане селектор до крајот на Мундијалот, но тој ја загуби довербата во играчите, а ниту Фудбалскиот сојуз повеќе не го сака по првите два натпревари.

Аргентина мора да ја победи Нигерија во третото коло, која исто така има шанси да помина понатаму, но и во таков случај тие не се сигурни, бидејќи за нив ќе одлучува дуелот помеѓу Хрватска и Исланд.

На состанокот во кампот на аргентинската фудбалска репрезентација е донесена одлука Сампаоли да остане, но екипата ќе ја составуваат Маскерано и Меси.

„Играчите ќе го состават тимот за Нигерија и тоа е факт. Ако Сампаоли сака да седи на клупата, може да го направи тоа. Ако не сака, нема проблем“, соопштија од репрезентацијата.