Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ пред една година го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ја продолжи во дресот на ЛА Галакси.
Ибрахимовиќ беше одличен во првата сезона во дресот на „Црвените ѓаволи“, но сето тоа падна во вода по тешката повреда на коленото. Златан надвор од теренот беше повеќе од половина година и не успеа повторно да се избори за место во првиот тим на Јунајтед.
Швеѓанецот одлучи да го напушти клубот и кариерата да ја продолжи во САД каде повторно заигра на високо ниво. Ибрахимовиќ за англиските медиуми изјави дека ги разбира сите тренери на Јунајтед кои пристигнале по Алекс Фергусон.
Искусниот напаѓач изјави дека едноставно речиси е невозможно некој тренер да успее во Манчестер Јунајтед поради тоа што секојдневно повторува иста работа.
„На тренерите им е сигурно најтешко во Манчестер Јунајтед. Невозможно е да успеете во тој клуб бидејќи секој ден се зборува само за ерата на Фергусон. Сите некогашни играчи на овој тим кои денес се коментатори на телевизиите, само зборуваат како било добро во времето на Фергусон и дека денес е доста полоша ситуацијата“, истакна Ибрахимовиќ и продолжи:
„Секако дека Фергусон направи неверојатен подвиг, но мораат да продолжат понатаму. Сите тие играчи тоа го зборуваат бидејќи тогаш и тие играле, но не сфаќаат каков притисок прават. Мораат да мислат на иднината и да престанат да зборуваат за тие времиња. Да сум јас таму би забранил тоа да се споменува и би сакал да направиме своја приказна. Фергусон испиша историја, но животот на „Олд Трафорд“ мора да продолжи и време е за тоа“.