„Немам проблем со Фетел“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен изјави дека нема проблем со Себастијан Фетел, со кој се бори за 4-то место во генералниот пласман.

    Младиот 19-годишен Ферстапен и Германецот не се во најдобри односи по трката во Мексико, а голема борба водеа и минатиот викенд во Бразил.

    „Се слушнавме преку телефон по Мексико и мислам дека нашиот однос е добар. Нема вистински проблем помеѓу нас.“

    Фетел на трка пред крај има 5 бодови повеќе од ривалот од Ред Бул.

    „Сеуште се борам за 4-та позиција и се надевам дека ќе ја освојам. Само со обидувам да постигнам што е можно подобар резултат. Верувам дека патеката ќе го задоволи нашето возило, но мораме да почекаме и да видиме како ќе излезе на крајот.“

    Последната трка се вози во Абу Даби на 27 ноември.