Немања Матиќ бил трет избор на Мурињо за средниот ред


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Дејли Телеграф“ пишува дека Немања Матиќ бил трет избор на Мурињо за позицијата во централниот дел од средниот ред.

Играчот на Тотенхем, Ерик Даер бил прва трансфер цел, а белгискиот репрезентативец Раџа Наинголан втор пик на Мурињо. Преговорите за овие играчи немале никаков напредок во последниве денови, па затоа од Манчестер се одлучиле да тргнат по Немања Матиќ.

Матиќ со доаѓањето на Бакајоко со сигурност ќе го изгуби местото во стартниот тим на Челси, па договор со клубот од Лондон може лесно да се постигне.