Нема веќе трпение: Билиќ добива отказ, познат и неговиот наследник


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува Скај Спортс, Славен Билиќ наскоро ќе добие отказ од Вест Хем, а на негово место ќе пристигне поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и Евертон, Дејвид Мојс.

Најеминентниот спортски медиум пренесува дека договор меѓу Мојс и раководството на „Чеканите“ се уште не е постигнат, но во следните 48 часа ситуацијата ќе биде многу појасна.

Сопствениците му укажаа неколку шанси на Билиќ да се покаже, но за жал Хрватот не успеа да ги искористи и покрај вложените средства, Вест Хем игра доста променливо оваа сезона.

Медиумите во Англија пишуваат дека Дејвид Мојс е заинтересиран за позицијата во Вест Хем и ќе прифати било каква понуда од Дејвид Осаливен.