До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот тренер Зинедин Зидан би можел во текот на летото да си замине од Реал Мадрид поради лошите резултати на клубот оваа сезона.
Легендарниот Французин претходните две години со „Кралевите“ освои се што можеше да се освои. Сепак, оваа сезона тимот игра под своите можности и затоа се повеќе се шпекулира дека ќе добие отказ по крајот на сезоната.
Меѓутоа 45 годишниот стратег нема да чека многу за да најде нова работа. Наводно од тимот на ПСЖ се подготвени да му понудат договор на Зидан без оглед на резултатите кои ќе ги постигне Унаи Емери со францускиот тим.
Наводно Ал Келафи сметал дека Зидан е вистинско решение за неговиот тим пред се поради што е Французин и поради фактот што може да го убеди Нејмар да остане во тимот и покрај интересот од Реал Мадрид.















