„Нема да зборувам за Шарапова, поддржувам чист спорт“


    Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


    Српската тенисерка Јанковиќ со победа против Остапенко го почна турнирот во Москва, а исто така новинарите ги интересираше нејзин коментар за Шарапова.

    „Би се воздржала од коментари за тој случај. Можам да кажам дека поддржувам чист спорт. Ако некој ги скрши правилата, за тоа мора да биде казнет.“

    Во дуелот со Остапенко имаше 15 брејкови во 18 гејмови.

    „Малку е необичен бројот на брејкови. Потребно е малку време да се навикнам на условите и да ја прилагодам својата игра. Мило ми е што победив. Тоа е најважно за мене.“