Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Винченцо Монтела, поранешниот тренер на Милан, го „пецна“ неговиот поранешен клуб со нова изјава.
Монтела од Милан замина во Севилја, но смета дека требало да остане на клупата на италијанскиот клуб и дека не требало да биде продаден.
Да потсетиме, Милан го однесе до пласман во Лигата на Европа, но беше отпуштен на почетокот на минатата сезона.
„Дали сум жртва? Дефинитивно. Секако дека беше лоша одлука да ми дадат отказ. Проектот почна и беше прекинат на погрешен начин“, вели Монтела.
„Во соблекувалната имаше промена на сопстевникот и револуција. Потпишавме повеќе од 10 играчи, а само еден имаше искуство со играње во Лигата на шампиони – Бонучи. Клубот немаше трпение, а јас мислам дека заслужив повеќе време“, објаснува поранешниот тренер на Милан.