Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот фудбалер Месут Озил сезонава исто како да не е член на Арсенал, зашто повеќе натпревари ги гледаше од дома, отколку што одигра.
Озил неодамна стана најплатен фудбалер на „топчиите“ со плата од 400.000 евра, а тоа дополнително ги лути навивачите на Арсенал. Од него се очекуваше многу повеќе, но германскиот фудбалер целосно разочара.
Германецот се жалеше на разни повреди од почетокот на сезоната, а иако веќе неколку недели во целост е подготвен за игра, сепак го нема – никаде.
Во претходните дуели, тренерот Унај Емери реши едноставно да го не користи Озил, а навивачите на Арсенал бараат одговор од него поради што не игра фудбалер, кој заработува како речиси половина тим на лондонскиот клуб.
Тоа што ги налути дополнително е фактот дека Озил против БАТЕ Борисов го пропушти 100. меч за тимот од пристигнувањето во Арсенал.