Нема играње со „Посебниот“: Одбиени понудите на ривалите од ПЛ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед одби 2 понуди од ПЛ за Морган Шнајдерлин.

Екипата на ВБА и Евертон испратија понуди од 18 и 19 милиони фунти за овој фудбалер, но Мурињо одби да го продаде.

Наводно, тој не сака да ги засили конкурентите од ПЛ.

Милан покажа интерес за Шнајдерлин, па може да профитира поради овој потег на Мурињо.

Овој фудбалер во Јунајтед стигна во 2015 година од Саутемптон за 24 милиони евра.

Кај Мурињо оваа сезона тој одигра 8 натпревари, од кои 3 во ПЛ. Шанса добиваше од клупата, па одигра само 11 минути во 3 натпревари.