„Нема изговор за првото полувреме“


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јувентус денес одигра една од најлошите натпревари во последните неколку години откако беа поразени од Џенова.

    Тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри беше разочаран и изјави дека нема изговори за лошото прво полувреме на неговиот тим.

    „Тие направија 25 прекршоци, а само 8 направивме ние. Кога е таква статистиката, невозможно е да се добие фудбалски натпревар. Знаевме дека ќе биде тешко во гости кај Џенова, но премногу лошо го одигравме првиот дел.“

    „Второто беше подобро, но тоа беше предоцна. Ова е чекор назад, најверојатно ни падна концентрацијата по натпреварот во ЛШ.“

    „Му реков на судијата по натпреварот дека е подобро што не досудил пенал, бидејќи ние тогаш ќе се вратевме во натпреварот, а не заслуживме.“