Нема крај на желбите: Перез сака Реал да игра во НБА


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Претседателот на Реал Мадрид, Перез му предложи на комесарот на НБА лигата тимот на Реал за неколку години да се приклучи на Источната конференција во НБА.

    Силвер неодамна беше во посета на Мадрид, кога Реал играше против Оклахома.

    Медиумите пренесуваат дека Перез предлогот го кажал на состанокот со делегацијата која стигнала во Мадрид.

    „Разговарав со комесарот на НБА лигата и му дадов свој предлог. Имаме одличен тим и побарав да ни се дозволи да се натпреваруваме во Источната конференција. Меѓутоа, ми беше кажано да почекаме бидејќи сакаат да играат низ Европа. Губиме многу пари и работиме на тоа бидеќи сакаме да играме во најсилната лига во светот.“

    Перез исто така откри дека Силвер му кажал дека неговиот предлог би можел да се реализира доколку Реал се пресели во САД, а тоа тој го одбил.