Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најдобрите кошаркари во светот, Леброн Џејмс, има две опции за својата кариера. Едната од нив е да остане во сегашниот тим, односно Кливленд кавалирс или да замине во Лос Анџелес лејкерс.
По тешкиот пораз во финалето на плејоф-серијата против Голден стејт вориорс, Леброн замина на одмор, а неделава се очекува да ја каже неговата одлука.
Новинарот Брајан Виндхорст од „ЕСПН“ пишува дека Лејкерс сакаат да го засилат својот тим за наредната сезона, а во нивните планови е Каваи Ленард, па веднаш по неговиот потпис, наводно ќе тргнат и по потписот на Џејмс.