Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот број 2 и двојна освојувачка на Вимблдон, Петра Квитова успешно се лечи од повредата на левата рака.
По операциите, Квитова конечно ги тргна конците и наскоро би требало да тргне на терапија.
„Здраво на сите, сакам да ви пренесам добри вести. Конечно ги тргнав конците од раката оваа недела, а тоа значи дека лекувањето оди во добар правец. Работам напорно на рехабилитација и како и секогаш сум позитивна.“
Чешката тенисерка на крајот на минатата година избегна голема трагедија, откако во нејзиниот дом ја нападна крадец.