Нема „црни денови“ за „Специјалниот“: Со новиот ангажман ќе му бидат инкасирани 65 илјади евра по натпревар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо го напушти Манчестер Јунајтед, тоа дебело го наплати, па иако веќе го поврзаа со некои клубови како Бенфика, Португалецот изгледа веќе најде нова работа. Но не како тренер, туку како коментатор.

Тој ќе ги пренесува натпреварите за beIN Спорт во Англија. Мурињо за оваа работа ќе добива близу 65 илјади евра по меч.

Но тука има една „финта“ – нема да може многу да зборува за Манчестер Јунајтед. Како што пишува Тајмс, Мурињо во договорот со Јунајтед имал и клаузула по која не смее да зборува што се случува во клубот во ниту едни услови иако го напушти клубот. Адвокатите на Јунајтед ќе го следат постојано секој пренос и ќе ги мерат неговите зборови.

Така што – ќе мора да внимава што зборува.

Колку е оваа информација сериозна, говори и фактот што веќе се знаат првите натпревари кои Мурињо ќе ги пренесува. Би требало да биде коментатор на мечот помеѓу Саудиска Арабија и Катар на Азискиот куп, како и на дуелот Арсенал – Челси во Премиер лигата.

Мораме да признаеме дека звучи примамливо. Но, ќе биде платено и тоа како. Нема за Мурињо ова да биде првпат да работи како коментатор бидејќи тоа го работеше во текот на СП за „Russia Today“ изминатото лето и за тоа додби 1 милион фунти.

Мурињо заработи отказ во Манчестер Јунајтед на 18. декември по две и пол сезони минати на клупата на екипата од „Олд Трафорд“. Него го наследи Оле Гунар Сослкјер и ги доби првите шест меча на клупата на „Црвените ѓаволи“.