Нема шега со Англичаните: Навивач поради банана доби жестока казна!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачот на Тотнем, Евероф Пантели е казнет со четири години забрана за влегување на сите натпревари во Премиерлигата и со 500 фунти, откако на меч со Арсенал фрли банана кон Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал.

Габонецот во тој момент го славеше голот пред навивачите на противничката екипа, па Пантели од бес ја фрлил бананата.

Судијата вели дека неговиот потег бил расистички и поради тоа си добил заслужена казна, а интересен е коментарот на Обамејанг по пресудата.

„Четири години и одиме од почеток“, напиша Габонецот на Инстаграм.