Неочекувано: Барселона доби големо засилување


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Барселона вчера го победи Менхенгладбах со 4:0 во групната фаза на ЛШ.

Барселона така без поголеми проблеми стигна до победата, иако Енрике им даде шанса на играчите кои ретко играат.

Па така по долго време шанса доби Алеиш Видал кој со една нога е на излезните врати од Барселона.

Сепак, поранешниот играч на Севиља одигра одличен натпревар, односно го покажа својот квалитет.

По натпреварот, Енрике не штедеше пофални зборови.

„Беше феноменален. Покрај се, покажа дека е многу добро физички подготвен. Среќен сум што ја искористи шансата и ќе добие друга многу брзо.“

„Дали ќе замине? За тоа ќе знаеме повеќе во јануари, но сега не верувам дека ќе се случи тоа.“