Неочекувано: Конор Мекгрегор се пензионираше! (ФОТО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Поранешниот шампион во УФЦ во две категории и најголемата ѕвезда во ММА, Конор Мекгрегор објави дека се повлекува од спортот.

Утринава, целосно неочекувано, Мекгрегор на Твитер напиша дека завршил со „спортот, односно формални натпревари во мешани боречки вештини“.

„Еј, луѓе, кратко објаснување. Решив да се повлечам од спортот со формалните натпревари. На сите мои колеги им посакувам добро во иднина. Сега се приклучувам на моите поранешни колеги, кои се во пензија“, напиша Мекгрегор.

Ова беше целосно неочекувано, зашто следеше само неколку часа по едно интервју емитувано во забавана програма, во која Мекгрегор потврди дека преговара за враќање во рингот во јули.

Останува да видиме дали ова е вистинска пензија или обид да извлече подобра позиција во преговорите. Ако е второто, тогаш на Ирецот не му се пишува добро, зашто УФЦ сериозно ги разбираат неговите зборови.