Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Арсенал, Шкодран Мустафи е на мета на два италијански клубови кои сакаат да го доведат во своите редови.
Станува збор за Јувентус и Интер кој се сериозно заинтересирани за играчот на Арсенал. Италијанскиот шампион сака да го доведе Мустафи на позајмица, па ако задоволи на крајот од сезоната би му исплатиле 20 милиони на Арсенал, за перменентна преселба.
Интер пак деновиве се вклучи во трката за одличниот германски дефанзивец и е спремен да понуди 25 милиони, и да го ангажира Мустафи што е можно побрзо.
Арсенал, играчот го купи од тимот на Шалке за сума од 35 милиони евра.
Мустафи беше стартер на последниот натпревар за „Топчиите“ кои што го загубија со 1-0 кај Стоук.