Непријатни вести за Русија – ќе биде исфрлена од ОИ во Токио!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Светската антидопинг агенција (ВАДА) соопшти денеска дека Русија би можела да биде исклучена од наредните Олимписки игри (ОИ) во Токио 2020 година, ако податоците од лабаротаријата во Москва се изменети.

Комитетот за разгледување напиша дека најверојатно нема ниту еден Русин да добие дозвола да присуствува на ОИ во Токио и Параолимписките игри.

Исто така, комитетот порача дека Русија треба да добие забрана за организирање на Светско првенство во било кој спорт на одредено време.

Русија до 31 декември требаше да ги предаде податоците од лабараторијата во Москва, но го пропуштија рокот. По посетата на ВАДА, податоците биле предадени минатата недела.

ВАДА почна со анализа на податоците и тоа може да трае неколку недели, а во моментов имаат доволно податоци.