До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челси немаше поголеми проблеми со секогаш незгодниот противник Кристал Палас и натпреварот го реши веќе по нешто повеќе од половина час.
Најпрво најдобриот играч на Челси во моментов, Вилиан го отвори резултатот во 25. минута, а седум минути подоцна Кели со автогол зголеми на 2:0.
Во продолжение Челси доминираше, но сепак гол постигна гостинскиот тим и тоа преку поранешниот играч на Челси, Патрик Ван Анхолт.
До крајот резултатот остана непроменет и Челси по два натпревари на кои претрпе пораз од тимовите од Манчестер се врати на победничките патеки.















