Неста смета дека Балотели е самиот крив за се


    Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


    Италијанскиот напаѓач Марио Балотели повторно остана без повик од репрезентацијата.

    Иако игра многу добро оваа сезона во екипата на Ница, селекторот на Италија, Вентура не го повикал Балотели за репрезентативните обврски.

    Поранешниот дефанзивец на Милан и освојувач на Светското првенство со репрезентацијата на Италија, Алесандро Неста смета дека Балотели е самиот крив за се.

    „Тоа е до него. Досега имаше многу шанси. Некогаш игра добро, но мора да внимава што менаџерот му зборува, бидејќи неверојатно е таков талент како него да не игра за националниот тим. Ако не е тука, тоа е негова вина“, изјави Неста.