Нешто не е во ред на „Камп ноу“: Меси и Пике влегле во жестока расправија!?


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Барселона се соочува со мини криза во последните три натпревари, откако не запишаа ниту една победа, а тоа очигледно предизвика „искри“ во соблекувалната.

Еден шпански новинар пишува дека се појавиле проблеми помеѓу Жерар Пике и Лионел Меси.

Наводно, Пике сакал да го охрабри Меси, но Аргентинецот не го прифатил тоа и се изнервирал.

„Ти си најдобар играч во светот и имаш одговорност да го браниш клубот кога ќе биде лошо“, кажал Пике.

Овие зборови не му се допаднале на Аргентинецот, кој почнал да го напаѓа Пике за лошите настапи.

„Нашиот проблем си ти и одбраната која ја предводиш, види колку голови примивме сезонава“, рекол Меси.

Тие двајца порано биле добри пријатели, но очигледно тоа повеќе не се, а тоа го покажува и нивната караница.