Нешто не му е добро: Марадона повторно ја смени изјавата за Меси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона, беше во центар на внимание по изјавата на сметка на Лионел Меси.

Марадона ја налути фудбалската јавност во Аргентина со изјава дека Меси никогаш не може да биде лидер на репрезентацијата, зашто одел 20 пати во тоалет пред натпревар.

Сепак, сигурно не очекуваше дека некој ќе го критикува поради изјавата, па реши да ги смири страстите.

Очигледно Марадона не е со сите, а тоа го покажува со неговите изјави. Овојпат Марадона кажа дека медиумите ја смислиле неговата изјава.

„Тоа што се случи е дека медиумите се обидуваат да ме скараат со Меси. Тоа што беше објавено е измислено. Мојот однос со него е подобар од било кога“, кажа Марадона.