Нејмар е минато за Бразил: „Кариоките“ имаат нов херој на Мундијалот! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразил се пласираше во осминафинале на Светското првенство во Русија. Сепак, „кариоките“ имаа големи проблеми во групната фаза.

Првата ѕвезда на Бразил, Нејмар, разочара во првите три натпревари, но затоа неговиот соиграч Филипе Кутињо експлодираше.

Кутињо засега е херој на Бразил, а на него му успеа да асистира или да постигне гол во секој од првите три натпревари на Мундијалот во Русија.

Така стана првиот Бразилец по легендарниот Пеле и 1958. година, кога успеа директно да учествува во барем еден гол на сите три први натпревари на Мундијалот.

Да потсетиме, Кутињо погоди против Швајцарија и Костарика, додека на последниот натпревар против Србија му асистираше на Паулињо.