Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер и ѕвезда на ПСЖ, Нејмар во моментов е на рехабилитација од повреда, а своето време го користи за да направи интервјуа со новинарите.
Нејмар во 2017 година стана најскапиот фудбалер во историјата, откако за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. Тогаш се шпекулираше дека Бразилецот сака да избега од „сенката“ на Лионел Меси, но очигледно тоа не било вистина.
Нејмар помина четири одлични сезони во Барселона, со која освои многу трофеи, па беше убиствено трио со Луис Суарез и Меси, па одлуката да замине од Каталонија изненади многумина.
Колку му недостига Барселона најдобро покажа во интервју во кое заплака по едно новинарско прашање. Новинарот го интересираше дали Меси го повикал да се врати во Каталонија, а Нејмар почна да плаче.
„Кога најмногу ми требаше помош Меси посвети внимание и почна пријателство со мене. Тешко ми е да зборувам за тоа, но уште потешко поради тоа што Лео за мене е секогаш посебен пријател. Се сеќавам и на пораките кога пристигнав во Барселона како дете и ми кажа дека сака да ми помогне“, вели Нејмар.
“No momento em que eu precisei de um suporte, o homem do time, o melhor do mundo chegou e me deu a mão”. No próximo domingo tem entrevista com Neymar no Esporte Espetacular! pic.twitter.com/n2rs541o0y
— globoesportecom (@globoesportecom) February 24, 2019