Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, реши да воведе строги правила на однесување во соблекувалната на францускиот шампион.
Очигледно тренерот реши да постави германска дисциплина во Париз, па така на фудбалерите на ПСЖ многу работи им се забранети.
Тухел посетил неколку ноќни клубови во кои излегуваат неговите играчи, за да разговара со сопствениците и персоналот.
Новиот тренер на ПСЖ сака да знае дали некој фудбалер излегува против негова желба на ноќни забави и осигура информација од сопствениците.
Исто така, играчите на францускиот гигант нема да можат да ја конзумираат храната која ја сакаат. Забранета им е брза храна, како и храна која содржи многу шеќери, но и газирани пијалоци.
Секој играч кој ќе прекрши правило ќе биде казнет и не треба да се сомневаат дека Германецот нема да го одржи ветувањето.
Најверојатно ова најтешко ќе му падне на Нејмар, кој е навикнат на луди забави во Париз.