„Не би играл вака без големата четворка“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чешкиот тенисер Томас Бердих важи за играч кој не го достигнал целосно својот потенцијал. Иако долги години е член во топ 10 на АТП листата, Бердих никогаш не освоил Грен Слем, а играше едно финале на Вимблдон во 2010 година.

Сепак, тој изјави дека сигурно не би играл на ниво на кое игра, ако не постоела големата четворка – Надал, Ѓоковиќ, Федерер и Мареј.

„Без тие играчи, како Федерер и Рафа мислам дека мојот тенис никогаш не би бил на ниво на кое што е сега. Можеби би имал освоено Грен Слем, можеби и не. Но реалноста е дека мојот тенис е на високо ниво поради тие играчи.“

Тој новата сезона ја започнува во Абу Даби.

„Сега се фокусирам на целите кои се поврзани за големите турнири. Не ми е потребна постојана сезона. Играм за големи работи. Знам дека и понатаму можам да играм добро ако бидам здрав.“