Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џереми Лин ги полуде сите во НБА додека го носеше дресот на Њујорк, кога се создаде прекарот „Линсанити“.
Лин, чија слава кратко траеше и кој моментално игра за Бруклин, вели дека хистерија кај многумина се појавила поради фактот дека има поинаква кожа на бојата.
Тој е роден во САД и има кинеско и тајванско потекло.
„Луѓето брзо судат за мене по бојата на кожа. Линсанити веројатно и немаше да постои ако немав различна боја на косата.“
„Но кога ќе го погледнам периодот претходно, имав многу пречки и граници на патот за воопшто да добијам шанса. Имаше многу стереотипи и граници кои морав да ги пробијам.“
„Секогаш знаев дека постојат добри и лоши работи, и дека морам да им бидам благодарен на сите.“
Лин оваа година потпиша 3 годишен договор со Бруклин, вреден 36 милиони долари.