Не го сакаат Баерн и Јунајтед, го сака Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали португалецот е на чекор од голем трансфер?

Бенфика би можела да направи рекорден трансфер оваа зима, но не за швеѓанецот кој долго време беше доведуван во врска со Манчестер Јунајтед.

Се работи за Нелсон Семедо за кој имаше интерес и од Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, но како што напиша А Бола двата клуба се откажаа.

Семедо наводно е на мета на Челси, но тешко е за верување дека Конте ќе потроши 40 милиони евра за фудбалерот кој може да игра дефанзивец, но неговата природна позиција е десен бек.

Семедо има 23 години и е репрезентативец на Португалија.