Не го сака Конте, оди кај Мурињо?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Дали Челси ќе го засили директниот ривал на зима? Англискиот репрезентативец отпишан?

    Се погласни се шпекулациите дека Гери Кејхил ја заврши одисејата во Челси. Стоперот на англиската репрезентација не е по вкусот на Конте, а грешките во последните мечеви во очите на Италијанецот го направија прекуброен.

    Се зборува дека нема повеќе да добива шанса и покрај силните повреди во последната линија и  дека веќе на зима може да побара нов клуб.

    Англиските медиуми веруваат дека Мурињо сака да го види во Јунајтед.

    Наводно, Португалецот смета дека искуството на Кејхил ќе помогне на Бејли да  прерасне во врвен стопер и сака во Англичанецот да ја засили конкуренцијата.

    Но, тешко е да се види таков исход веќе на зима, односно за Челси да го засили директниот конкурент.

    Но, не е невозможно, баш Мурињо го продаде Мата во Јунајтед пред неколку зими, а соевремено е да речеме дека Сер Алекс го препушти Хуан Себастијан Верон во Челси…