До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Чилеанскиот голман Клаудио Браво изјави дека Марк – Андре тер Штеген не му претставуваше проблем во Барселона.
Браво во летниот преоден рок после две сезони во Барселона се одлучи да го засили Манчестер Сити, а иако се пишуваше дека главната причина лежи во Тер Штеген, реалноста е подруга.
„Не е вистина дека заминав од Барселона бидејќи имав конкуренција во вид на Тер Штеген. Воопшто не сме биле во лош однос и никогаш немало проблем меѓу нас. Конкуренцијата беше добра за двајцата бидејќи имавме корист од тоа“, изјави Браво за станицата Кадена Сер.
Одма по доаѓањето Браво се избори за „единицата“ на Итихад и досега во дресот на Манчестер Сити бранеше во четири натпревари.















