„Не е вистина дека играчите ми го свртеле грбот“


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Лестер оваа сезона може лесно да испадне од ПЛ и така да стане првиот шампион на Англија во историјата на кого му се случило само година по освојувањето на титулата, да испадне од ПЛ.

Лестер моментално се наоѓаат на 16-то место и имаат само 2 бодови повеќе од последнопласираниот Сандерленд.

Серијата од 4 порази по ред кажува дека ќе им се случи вистинска катастрофа.

Тренерот на Лестер, Клаудио Раниери оваа сезона многу пати се обидуваше да ги објасни причините за лошите игри, а медиумите донесоа информација дека играчите имаат бојкот.

„Не е вистина дека играчите не ме сакаат. Низ се поминуваме заедно, тие ми веруваат и цврсто стојат со мене, како и јас со нив. Ни оди лошо, но се надеваме дека ќе се поправат работите. Мора да ја заборавиме минатата сезона и да се бориме.“

„Не можам да го објаснам тоа што ни се случи. Изгледавме солидно, барем во првите 40 минути, а потоа за 2 минути се распаднавме.“