Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Федерер вели дека му било мило што своите најголеми успеси ги постигнал кога бил созреан.
Како млад тенисер Швајцарецот кршеше рекети, се караше со судиите и противниците, но потоа дојде во фаза во која сфати дека мора да се смени.
„Созреав и научив да се однесувам подобро. Покрај тоа, имав среќа со мене да биде вистински тим на луѓе.“
На прашањето дали секој може да биде во врвот на тенисот и да остане скромен, Федерер кажа:
„Не може. Јас сум благодарен што важните титули ги освоив кога бев зрел, а не кога бев многу млад.“
Федерер во кариерата има освоено 17 Грен слем титули, а минатата сезона последниот турнир го одигра на Вимблдон, кога изгуби во ½-финале.
Сега ќе настапува во Мелбурн од 16 до 29 јануари на турнирот на кој последен пат победи во 2010 година.