„Не знам дали ќе ја издржам трката“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Возачот на Јамаха, Роси вели дека е загрижен за тоа дали ќе ја издржи трката за ГН на Јапонија, бидејќи се разболел по доаѓањето во Мотеги.

    Италијанецот изјави дека има проблеми со навикнувањето на временската зона и дека од тогаш го мачат симптоми на грип.

    Иако ја освои пол позицијата во Јапонија, Роси откри дека не чувствува голема самодоверба пред натпреварот.

    „Кога сакам да возам повеќе кругови, не можам да го дадам својот максимум. Болен сум и тешко ми е да дишам. Загрижен сум за трката затоа што не знам дали ќе може да го издржам ритамот. Се надевам дека ќе бидам подобар и ќе стигнам до победа.“

    Со Роси во првиот ред ќе стартуваат Маркез и Лоренцо.

    Пред оваа трка, Маркез има 52 бодови повеќе од Роси.