„Не мислам дека 2016 беше неуспешна“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ја започнува сезоната во Доха како и минатата година за која вели дека таа била неверојатна.

Иако го изгуби првото место во финишот од Енди Мареј, Ѓоковиќ во текот на минатата година освои 4 Грен Слем по ред, а тоа претходно на никој му нема успеано.

„Не гледам дека 6 месеци беа неуспех во 2016-та година. Јас никогаш не размислувам на таков начин.  Тоа не е мојата филозифија, да ги гледам работите на тој начин, дека не сум успеал. Едноставно имам чувство дека секое искуство на некој начин е благослов.“

„За мене 2016 беше неверојатна. Не можам да се сложам со тоа дека 2016 не била добра година.“

„Прво сакам да видам до каде ќе стигнам во Доха, а потоа и на Австралијан Опен. Потоа ќе одлучам дали ќе играм во Дубаи.“