Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Мануел Рубијалес и понатаму мисли дека неговата одлука за отказ на Хулен Лопетеги е исправна.
Шпанија беше елиминирана во осминафиналето од Русија, која беше подобра по изведување на пенали.
Шпанците го завршија учеството на Мундијалот, а Лопетеги беше промовиран на „Сантјаго бернабеу“ како нов тренер.
„Не ми е жал поради одлуката да го отпуштам Лопетеги, зашто ја донесов поради претходните резултати. Сега е потребно да ги анлизираме деталите и да видиме што е најдобро за репрезентацијата и Сојузот“, кажа Рубијалец.
Наместо Лопетеги беше експресно поставен Фернандо Јеро, но улогата на фаворит не е оправдана.
„Горд сум на начинот на кој Јеро и неговиот стручен штаб се однесуваа. Тој храбро ја презема одговорноста. Во наредните недели ќе видиме што е најдобро за сите страни. Во спортот не победуваат секогаш најдобрите“, објаснува Рубијалес.