Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рожер Федерер ја освои и 3-та титула во оваа сезона, а по освојувањето на Мајами изјави дека ниту во најлудите соништа не би можел да замисли ваков почеток.
Тој го победи Надал во Мајами со 6:3 и 6:4 и така ја продолжи серијата од 4 победи по ред против Надал.
„Му честитам на Рафа на големот враќање, мило ми е што сме тука заедно, се започна во 2004 година. Одигравме многу натпревари, не уживав секогаш, но и понатаму верувам дека кога-тогаш ќе го освоиш овој турнир.“
Големото ривалство на Федерер и Надал започна на истото место пред 13 години, кога Надал го победи Федерер.
Од тогаш до денес тие 2-ца имаат одиграни 37 натпревари, а во меѓусебни натпревари подобар е Надал со 23:14.
„Сезоната на земја само што не започнала и ќе дојде твое време. Што се однесува до мене, убави спомени ме поврзуваат со ова место. Не можам да верувам како ја започнав оваа сезона.“