Не можеше да ги задржи емоциите: Чави плачеше на збогувањето на Иниеста (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона утре играат на домашен терен против Реал Сосиедад во рамки на последното коло во Ла Лига.

Барселона ја завршува сезоната со двојна титула, но и со збогувањето на Иниеста. Капитенот на Барселона пред неколку недели кажа дека летово ќе го напушти клубот.

Иниеста вчера одржа церемонија на која се прости од своите соиграчи и пријатели од Каталонција.

Заминувањето на Иниеста посебно го „погоди“ Чави, кој играше многу години заедно со него, па не можеше да ги задржи своите емоции и почна да плаче.