„Не морам да се правдам на Ракитиќ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона Луис Енрике рече денеска дека не мора да се правда на фудбалерот Иван Ракитиќ поради мала минутажа.

Ракитиќ не играше во последните три натпревари на Барселона во сите натпреварувања откако е заменет во ремито против Реал Мадрид на 3 декември. Енрике дава предност на Денис Суарез и Андре Гомеш.

„Не гледам зошто да се правдам на својот играч. Тоа нема да го направам. Ракитиќ беше и ќе биде добар играч за Барса. Морам да прифатам критики и да продолжам да ги примам за она што мислам дека е најдобро за тимот. Задоволен сум со ставот на Ракитиќ“, рече Енрике, пренесоа шпанските медиуми.

Тој додаде дека е потребно сите играчи да поминат низ минутажа за да стекнат оштрина во текот на сезоната.

„Тоа го гледаме секоја недела, гледаме колку минути играчите поминаа на теренот. Важно е сите да бидат спремни, но видиме дека 11 играчи воглавно играат, а останатите ретко…Имаме фадбалери кои играле повеќе од 1000 минути во натпреварувачки натпревари.

Некои можеби сеуште не знаат како фунцкионира тимот, но поголем дел од играчите одиграа многу важни минути во сите натпреварувања. Се надевам дека можат да напредуваат и дека секој од нив ќе го одигра својот дел до крајот на сезоната, поради тоа што се тогаш се одлучува“, рече Енрике.

Ракитиќ (28) во 2014 година од Севиља премина во Барселона, за кој тим досега одигра 127 натпревари и постигна 19 голови.

Хрватскиот репрезентативец со Барселона освои две шампионски титули, два Куп на Кралот, Лига на шампиони, светско клупско првенство, Суперкуп на Европа и Суперкуп на Шпанија.