Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Екипата на Кливленд има максимален ефект во 4 одиграни натпревари во новата сезона.
Леброн и останатите минатата ноќ на свој терен го победија Хјустон со 128:120, со одлична игра на Ирвинг, кој натпреварот го заврши со 32 поени и 4 асистенции.
Џејмс повторно беше блиску до трипл-дабл. Тој овој пат постигна 19 поени, 13 скокови и 8 асистенции. Лав постигна 24 поени и 5 украдени топки.
https://youtu.be/-mZ9xHBZ9NA
Подобар од останатите кај гостите беше Харден со 41 поен, 15 асистенции и 7 скокови.
Кошаркарите на Јута го победија Сан Антонио со 106:91.
Победничкиот тим го предводеше Хил со 22 поени и 7 асистенции.
Во поразениот тим најдобар беше Леонард со 30 поени и 7 украдени топки.
https://youtu.be/XIa3c5P67MI
Голден Стејт стигна до 3-та победа во низа. Последна „жртва“ беше Портланд, кој беше надигран со 127:104. Најдобар во домашниот тим беше Кари со 28 поени. Во редовите на Портланд најдобар беше Лилард со 31 поен.
https://youtu.be/oprakdo83FE
Останати резултати:
Индијана – Лејкерс 115:108
Филаделфија – Орландо 101:103
Детроит – Њујорк 102:89
Мајами – Сакраменто 108:96
Минесота – Мемфис 116:80
Њу Орлеанс – Милвоки 113:117