Не му успеа со Санчез, па Гвардиола ќе се обиде да го донесе Азар?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот лидер во Премиер лигата, Манчестер Сити немаше среќа при трансферот на ѕвездата на Чиле, Алексис Санчез во лутиот градски ривал, па поради тоа нивниот тренер, Пеп Гвардиола ќе се обиде да ја донесе ѕвездата од Челси, Еден Азар.

Малкумина веруваат во ова затоа што бранителот на титулата во ПЛ, Челси сигурно ќе ги одбие сите понуди за него зашто чекаат да потпише нов договор.

Белгиецот најверојатно сака да се пресели во Реал Мадрид, но тоа ќе се случи ако тренер на „кралскио клуб“ остане Зинедин Зидан, но и тоа е малку веројатно.

Еден Азар има договор до 2020 година и ако продолжи да тактизира, Челси ќе мора нешто да превземе, а не е јасно поради што Гвардиола би сакал да го донесе Азар во екипата на „граѓаните“.