Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго очекуваното дерби помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед во рамки на 12. коло во англиското првенство на распоредот е в недела со почеток од 17:30 на „Итхад“.
Манчестер Сити е лидер на табелата со 29 бода, девет повеќе од седмопласираниот Манчестер Јунајред кој во случај на победа и натаму би можел да негоува шампионска надеж.
Но, ако загуби, Манчестер Јунајтед веќе по 12. кола би можел да остане без премиерлигашката титула која последен пат ја освои во 2013. година.
Жозе Мурињо е свесен за реалноста, како и состојбата и квалитетот на противникот.
„Не размислувам за мечот имајќи го предвид бодовното салдо. Ако ремизираме, разликата и натаму ќе биде девет бодови. Ако загубиме, ќе бидеме во заостанување 12 бодови. Пресметката е јасна. Сакам на мечот да гледам како на изолирано случување. Не знам дали можеме да успееме, но ќе се обидеме. Оптимисти сме, но и свесни за моќта на Сити“, истакна тренерот на Манчестер Јунајтед на конференција за новинарите.
Во најава за мечот се споменуваа и наводните малверзации на Сити во врска со финансискиот фер плеј. Жозе Мурињо во минатото одбиваше да зборува за работата на градскиор ривал, но сега се отвори. Помеѓу редови, со оглед на тоа дека со месеци инсистираше на засилувања кои на крајот не беа реализирани, ги пецна и своите претпоставени.
„Тешко ми е а зборувам бидејќи исклучително сум фокусиран на својата работа. Сакате ли да зборувате за фудбалскиот потенцијал за Сити, ќе зборуваме. Пред се, морате да знаете дека споменатиот потенцијал почнува со инвестирање. Сити е недопирлив кога станува збор за инвестициите, но не знам што се крие зад толкавите вложувања“, истакна Жозе Мурињо во пресрет на мечот со долгогодишниот тренерски противник Пеп Гвардиола.