Не пропушти прилика да го „пецне“: Роналдо во стилот на Симеоне го прослави пласманот во четвртфиналето (Видео)


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Херојот на Јувентус, Кристијано Роналдо не му остана должен на Диего Симеоне кој го обиколи светот со прославата на еден од головите на Атлетико на првата средба одиграна во Мадрид.

Стратегот на Атлетико Мадрид се фаќаше за меѓуножјето на првата средба, а Роналдо не ја пропушти оваа прилика да му возврати на идентичен начин.