„Не сакавме ваков натпревар, судијата често беше на страната на Барселона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Унај Емери изјави дека неговиот тим не одиграл натпревар каков што сакал, како и дека судиите и помогнале на Барселона во средата да стигнат до победа од 6:1.

„Ова не беше натпревар каков што сакавме да одиграме, а судијата често беше на страна на Барселона. Нивните играчи сакаа победа. Ние сакавме да продолжиме тоа што го направивме дома, но јасно беше дека не го направивме тоа.“

„Поправивме се што мислевме кога губевме 2:0, покажавме малку карактер. На 3:1 помисливме дека натпреварот е завршен, но на нас за 5-10 минути ни пропадна цела работа.“

„Мораме да ги надминеме овие работи за да пораснеме. Ако продолжиме да работиме, сигурен сум дека ПСЖ ќе има шанса каква што имаше денес. Играчите се одговорни и свесни дека не беа на нивото.“

Меније изјави дека е неприфатлив начинот на кој неговиот тим примал голови.

„Jа подигнавме главата во второто полувреме. Сфативме дека мора да реагираме, но нивните голови се неприфатливи. Навистина мора да расчистиме некои работи. Можевме да се пласираме и со 5:1 само да не примивме гол, а примивме. Навистина е неверојатно.“

Тој вели дека тимот морало да биде помирен, како и дека крајот не бил достоен за ПСЖ.

„Моравме помирно да играме во натпреварот. Не удри во глава нивниот ентузијазам и не успеавме да се вратиме. Тоа не скрши. Тешко е да се објасни. Барселона немаше што да изгуби, играа за се или ништо. А ние си дозволивме да бидеме жртвите.“